10-годишнината преку општествено одговорни настани

Share This Post

За да ја прославиме 10-годишнината на Комфи Ангел, испланиравме различни настани и донации во нашиот град. Прво, се согласивме да донираме неколку перници во домовите за стари лица.

Второ, учествувавме со локалните библиотеки за да донираме некои книги, чии делови им беа читани на луѓето од нашите вработени.

Трето, дониравме голем број бебешки јоргани и перници за локалните градинки во градот.

Четвртиот настан беше овозможен од амбасадата на ОК во Македонија. Вработените во компанијата ќе поминуваат време со децата со посебни потреби заедно со персоналот на Амбасадата и ќе ги изнесуваат децата за тој ден.

Петтиот настан беше организиран заедно со помош на Локалната самоуправа.

Околу 300 вработени правеја домашни колачиња, пити и слатки и ги продаваа на главниот плоштад во градот. Средствата кои беа собрани со овој настан беа донирани на местата каде што беше најпотребно, по консултации со Локалната самоуправа.

И последна, но не и најмалку важна активност беше отворањето на новите производни површини во фабриката. Производство 2 и производство 1 со 4 нови линии за перници, јоргани и штитници за душеци.

Галерија

More To Explore

Новости

Heimtextil Саем, 2014 Франкфурт, Германија

Секоја година Comfy Angel учествува на еден од најголемите саеми за домашен текстил во Европа. Оваа година компанијата беше единствената од Македонија која учествуваше на

Новости

Дом за стари лица Киро Крстевски Платник

Успешно беше реализиран уште еден настан од низата општествено одговорни настани, по повод „10-годишниот јубилеј на Комфи Ангел“. Во нашите партнерски односи со Градската библиотека